КУП ИНВЕСТИЦИИ ЗА ОБРАЗОВНИ ,,КОАЛИЦИИ,,

Со своја мисла, сугестии, очи, уши вајаме живот. Образованието крие тајна, како и сé во светот. Најважно е поврзаност меѓу образовните паралели со реалноста. За сето тоа да биде во ред, најважно е да има услови во кое детето ќе твори и создава дела, кои секогаш ќе го поттикнуваат да напредува, да оди напред и само напред. Училишните згради заличуваат. Закрпени, или нови, санитарните јазли. Нова опременост со столчиња, дограма, плочки компјутери, бојосани згради, сменети плочки, покривни конструкции, нови спортски сали, опремени лабаратории, парно греење, разни градежни интервенции, проширување на паралелки, опремување на кабинетите… Сето со инвестиции од странски донатори, издвоени од локален буџет и државна каса. И кога на сето ќе се вага родителската грижа при воспитувањето, ангажирањето за правилен развој и стручноста на образовниот кадар тогаш изгледа дека се е ОК. Најстарото училиште во градов е “Кочо Рацин” од 1924 година. Дотерано е пред осум години. Од средните училишта е гимназијата “Мирче Ацев”. “Ѓорче Петров” е најмладиот “камен” во образовниот мозаик, со официјални “дела” од 1963 година. Тоа значи дека секогаш има потреба од ново..

Loading