ИНФО ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Старите реклами кои неодамна добијаа нов лик, сега прераснуваат во Инфо центар, преку кој секој посетител или турист ќе може да се запознае со историјата на градот, околината, со културно историските споменици. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија. Инфо центарот го реализирам со НВО Форум за авангардна креативност. Секој посетител ќе може да се запознае со богата историја на градот, а на располагање ќе има и туристички водич. Инфо центарот ќе придонесе за популаризација на општината – вели градоначалникот Марјан Ристески. За реализацијата на Инфо центарот се инвестирани 300 илјади денари. Со центарот се врши промоција на културниот идентитет на градот. На туристите ќе им даваме комплетни информации за градот, околината. Ќе биде место каде ќе можат да купат сувенири, да прошетаат со туристички водич – вели Снежана Ристеска, координатор на проектот. За поуспешна промоција на инфо центарот изработена е и веб страна.

Loading