ЕЛЕКТРОНСКИ УВИД ВО ДАНОЧНАТА КАРТИЧКА

Новина од УЈП

Регионалната дирекција УЈП во Битола стартуваше со новата услуга за даночните обврзници електронски увид во даночната картичка. Услугата ќе можат да ја користат сите правни субјекти и вршители на дејност, корисници на услугите на УЈП, односно секој обврзник кој е регистриран за користење на системот електронски даноци. Електронскиот увид ќе овозможи секој во било кој момент да изврши проверка на состојбата со даночните побарувања и обврски кои ги води УЈП преку компјутер, без притоа да оди во просториите – велат од УЈП.

Loading