ИЗГАСНЕТИ 81 ПОЖАРИ ЛЕТОВО

Пожарникарите летово имаа 81 интервенција во јули и август. На отворен простор биле 42 пожари, 14 на објекти, 5 на сообраќајни средства, а дури 20 пати имале технички интервенции. Во пожарите на отворено зафатена е површина од 1824 хектари, од кои 50 хе се шума, а останатите сува трева, пасишта и стрништа – вели Станко Колески, командир на противпожарната единица. Карактеристично е што летово била опожарена поголема површина, во однос лани. Голем пожар деновиве имаше кај Мало Рувци, каде беше опожарена површина од 1500 хектари. Имаше опасност огнот да стаса до куќите на селата Мало Рувци и Алинци, но за среќа огнените пламени се изгаснати навреме. Од пожарната и понатаму апелираат за внимание, бидејќи најчесто причините за појавата на пожарите бил човечкиот фактор.

Loading