КАБЛИ НАД ГЛАВА

Разни жици, кабли се преплетуваат во височините. Тркала подврзани, заврзани, како дело на детска игра, како дело на аматери, а не професионалци се мафтаат над бандерите. Просто тој кој подврзал, да не може да ги одврзе или оној кој замрсил да се загуби во јазолот! Над главата висат и кога луѓето отидоа на Марс, кога технологијата е толку напредна. Електромагнетни бранови, етер, сончеви сателити… Преку нив се стигнува до слика, тон, музика, збор, и топлина… А да се мине крај зграда во центарот на градот се уште може да се забележат преплет на жици по рабовите на тераси, над сообраќајници… На фотографијата е тенката жица на која виси пластифицирана кутија која може да попушти, а при тоа некој да настрада, оти кутиите често се скршени, отворени или провизорно поставени. Дождовница ги мие, но лие и проблеми со приемот, пречки во разговорот, шуштења или исклучување од мрежата… Во ,,светот,, обично, каблите се под земја. Ќе стигне “техниката” и кај нас.

Loading