НЕМЕНЛИВИ ПРОЗОРЧИЊА НА МОНОПОЛОТ

Зградата на сликата е дел од Тутунскиот комбинат. Старите уште го викаат монопол. Не може да се одгатне дали е Заводот за ферментација на тутунот од 1958 година или старата цигарна фабрика. Делче е во мозаикот високи згради, на кои државата им “бае”, односно моли странски фирми да ги купат топтан со 1300 работници. Интересно е што ваква зграда има во близина на поранешната детска градинка. Слична е и старата Цигарна, со бараки како стражарница, изградени од цврст материјал има во близина на амбулантата. Веќе 137 години Тутунскиот комбинат произведува цигари. Трите згради на камениот магацин од 1973 година, се надалеку и нашироко прочуени по посебните услови на температура, негувањето и чувањето на специјално направени сталажи за хармани тутун. А монополот беше бренд компанија, препознатлив амблем на Прилеп и производството на тутун. Стана државен Монопол во 1949 година.

Едновреме, во транзицијата, доминираа работничките акции. Лани пак државата го зеде под закрила со над 80 отсто од капиталот, претворајќи ги борчевите на Тутунски во државни акции. Неизвесно е дали некој ќе загризе да го купи и по продолжувањето на рокот за продажба за два месеци или покрај првите два. Тутунски само на сликите е гигант. Инаку, познавачите велат дека само вегетира со амортизирана, демодирана и нерентабилна технологија. Заборавена е последната поголема инвестиција во техничкиот потенцијал, на некогашниот колос на тутунската индустрија во Југославија. Негови производи беа квалитетниот тутун, кој се преработува и се става за зачин во секоја марка цигари, а препознатлив беше по цигарите Европа, Вардар, Драва, Југославија, Партнер, ХБ, Лорд, Ким, Бонд, Бренд… кои поминале низ мемоарите на работниците.

Loading