ГУЛАПЧЕ “ТРАГА” УМЕТНОСТ В ГАЛЕРИЈА

,,Голапче лекорилесто, голапче златокрилесто… Кога ти дојде при мене, кога вчас замина. Уште ти глас јас, не слушнав, уште … ,, Вака некако беше песната од познат наш преродбеник. Гулапчето на фотографијава се вплеткало во лавиринтот на малата просторија во галеријата во ЦК “Марко Цепенков”. Малецко, се стуткало и се врти де на една страна, де на друга. Има и нема желба да излезе. Кротко следи околу. Кој ги ѕирка уметничките слики, кој го посетува салонот, слуша звук од звучниците, гувее релаксирано, како да позира крај делата на уметниците. Вработените потрпеливи. Го чекаме само да излезе. Мало е и плашливо. Му ја отворивме вратата да летне. Но, тоа не знае да ја најде слободата – велат од галеријата. Културното гулапче, веројатно по патот на трепетот на ѕвездите, водено од инстинктот, ја откри слободата. Со фотографијава “крепиме” страв, и на птичјите крилја, не дозволуваме да падне прав.

Loading