РОНИН ЗАСИЛЕНО КОН БАЛКАНСКИТЕ МЕДАЛИ

Карате

Се ближи Балканското карате првенство во Атина, Грција, на 24, 25 и 26 септември, а во најуспешниот клуб Ронин се засилуваат подготовките. Се очекува многу од десетте претставници: ката тим сениорки Зорица Спиркоска, Поликсенија Јованоска и Верица Трајкоска ( која е и поединечно) Кадетите женски тимови 98/99 Маријана Димоска, Мишела Димоска и Анастасија Матеска (сите три и поединечно). Мишела Димоска како најуспешна од Државното ќе настапи и во борба и ката поединечно и во тим. Женскиот тим се Марија Зероска, Николина Матракоска и Искра Каракашоска, а последните две се и поединечно. Во клубот на Елизабета и Златко Димоски амбициите ги темелат на досегашните големи успеси. Сé уште сме единствени во Македонија по освоен медал во ката од светско – бронза од СП Истанбул 2007 на Зорица Спиркоска и Верица Трајкоска. Имаме сениорски од златна лига Милано 2010 ката тим Верица Трајковска, Зорица Спиркоска, Поликсенија Јованоска. Имаме четири балкански прваци во ката Зорица Спиркоска на два пати, Верица Трајкоска во кадети 2004 и јуниори 2007 – потсетува Златко Димоски, воедно меѓународен судија. Формата е покажана на последното Државно првенство во Велес со три златни , еден сребрен и пет бронзени.

Loading