ТАТКОТО ХАЛФ, СИНОТ БЕК

По половина тим се роднини во пониските фудбалски лиги. Во Динамо Мажучиште заедно играат татко и син. Таткото, Златко Наумоски е халф, синот Кире – бек. Во третолигашот Партизан Обршани во идентична улога се Рубин и Мартин Ефтинџиоски, а има уште двајца со исто презиме, Благоја и Дарко Ефтинџиоски. Тоа не е се. Братучеди во тимот се голманот Дејан Смугрески и играчот за врска, Сашо Смугрески. Обично екипите ги сочинуваат неколку семејства со фудбалско минато во помали места. Нема тим без истопрезименици.