“ЛАПАА” ПРИРОДА ВО ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДА

Шеесетина ентузијасти од ЕПД ,,Картуш,, биле дел од природниот амбиент околу село Скребатино, сместено во едно “гнездо” на надморска височина од 1000 метри кај Охрид. Околу 20 километри над селото Лесковец, по тесен асфалтиран пат, планинарите стасале до манастирот Света Богородица од 16 век. Манастирскиот комплекс со храм од бетонски блокови удобно се сместил на прекрасна ливада со терени за фудбал, кошарка и места каде може да се ужива во готвењето скара, во шлапкањето на рибчињата, готови за в тавче во манастирскиот рибник. Дабовата шума му дава чист здив на просторот, а изворскиот вриеж свежина. Посебно преку една од најубавите чешми со осум шепурки или т.н дулци – по преспански. “Колегите по шетање” од ПД “Јане Сандански” магловитото и облачно време го искористиле да појдат пеш до манастирот Свето Преображение кај Зрзе, преку село Крапа и пештерата Змејовец. Над 2500 планинари се обидоа да го дофатат сонцето преку искачување на врвот Голем Кораб на планината Кораб, висок 2764 метри, за Денот на независноста. Планинари од секаде, мегу кои и “Санданци “ и “Картушовци”, традиционално се искачија за пет часа пеш по маркирана патека. Неколкуте врвови на Кораб имале над 2000 метри надморска височина. Уникатни се пејзажите по течението на Радика и осумте мали езерца.

Loading