НАГОРАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО!

Прилепски мајтапења

 

Со последниот дожд, во паркот на драпачките многу актери и статисти поседнале по клупите во круг. Личат на парламентарна сала, во која само стриковците Рампо и Цане место да седат, стојат, на лик на горните и долни домови на запад.

– Рампо, Цане и ја мора да седнам, клупава ко водена ми се гле, а имам мака со хаубава. Че настинам, стопанка му – праша еден од стотина кила кому мевот и гушата му станале едно.

– Море едндек, и да седниш че бидиш ко да стојш, бате шутрак, бате – се налути Цане.

– Сеедно, од тебе ни бела, ни црна не сме слушнале – му рече стрико Рампо.

– Абе, можи да јет, можи да нејет така ко шо велите. Ама ја до се бев ко прафосмукалка, ко сликар. Шо се вели и собирав и сликав, па дојден сум нешто да ве прашам, да ми кажите – вели “грамадниот”.

– Прашај, не се тегај ко гумарабика – го прекори Цане!

– Го читам материјалов за преселбава од парков во Домон. Ви се чудам на умот. Ептен сте биле задрти. Која будала од ко че стегни мразо, че дој овде – праша “големио”.

– Некој ко тебе, самстрак. Кажуј шо сакаш, за да не те пратиме от кај шо си дојден?

– Почитувани колеги, или господа засмејувачи, ептен сте биле дудуци и вие и овие позеленетиве – констатира соговорникот.

– Зошто бе крмнак?

– Со документов докажувате дека сте резил, не резилите нас, си ја резилите и фамилијата и партијата и улицата… Да беше некој од улица порно че го напишеше, бави ракописо – ги прокуди тој.

– Почитуван колега, почитуван дојденец, да продолжи парламентарно. “Море абдал, насобраниов народец слуша и гледа шо трици јадиш, тие не можа крај со крај да си кла, а мора твојте педерлаци да ги слуша. Да беше порен, немаше да си ко воле во врато, ко каца во мево, ко вдојца во хаубата шо ја велиш, бати протуренио бати. Шо мана му најде, да те нај то шо ги најдува магарицине” – луто праша Цане.

– Шо мана, да се чудиш. Ни точка, ни запирка не сте клале. Не разбрав дали че се повлекуваме во октомри или ко че падни температурава тро подолу и дали сите чојме во Домон во кого полојната одовде не не собира – изведе чуденка “големиот”.

– Акал по гојда, та не се вратил. Ако тргнеа кон критизерот, се можеше да се случи. Ќе имаше и турканици и тупаници. Свикаа колку гласот ги држи: -Море слепец, немој да врејџаш, прибери се да не те прибериме, бате пустињо. Кај те донесе тој со една нога, баму стапалото баму…!

– Мир, мир, лујџе. Сигурно ја нема видено задната страна. Клајни се точки, запирки, прашалници… Дозволено е кој кај сака, таму нека ги клава, ебаго! Не сме даскали. А и да знајте дека документов е појден на усогласување, сите забелешки че ги тресиме и претресуваме и овде и во Домон.

– Колеги, сакав и европејцки, и тро по наше да се однесувам. Ме разочаравте ептен. Дојдов да се подрапам, не со вас, туку со сите на кои не им личи вака да се однесуваат пред народецон. Вие ка некој трупци, ка да не ја знајте мудроста: “Нагорам ти ќеро, сети се снао…”. И вие сте ми биле шегобијци, итроманци! Ај зраво – рече дебелиот и си замина, се изгуби во мракот.

Насамарените драпачи останаа скиснати.

 

ДДБ

Loading