ПЛАЧ ЗА МАСЛИНЕСТО

Запоставени се полигоните, пистите, објектите од касарната. Иако добро позиционирана, поткована со воени ресурси и капацитети, со добра инфраструктура, го нема звукот на “трубата” да ги разбуди “гуштерите”, “џомбите”, десетарите, полковниците, офицерите… Воениот комплекс во “Мирче Ацев”, од добро хортикултурно, средено место, од каде преку ограда се раѓаа со поглед љубови, граѓаните велат е место на духови. Затревено, од каде почнаа и змии да им се шетаат по асфалтот и да ги потсетуваат граѓаните дека треба ревитализација.

Велат “подобро се спие кога војската не спие”. “Мека” за филмска индустрија, луксузни населби, мал елитен град, индустриски објекти, образовен кампос за безбедност, студентски град, хотели, академии… Или едноставно, фабрика на професионални војници, сместени на 30-тината хектари воено земјиште, дури и со сопствени станови и училишта… Амбициозни планови, проекти за касарните, меѓу кои и прилепската, каде маслинесто – зелената боја, потсетуваше и поттикнуваше на издржливост, одлучност, професионалност, принципи, дисциплина, тест за снаодливоста, “машкост”, па и љубов… Сега, обучени “сафари” деца, претставуваат ешалони, строеви, бригади – механизирани, пешадиски, добиваат ордени, медали за почесни стрелби во странство и дел овде.

Loading