Околу 600 планинари се очекува да учествуваат на четвртиот традиционален планинарски марш посветен на основоположникот на планинарството во Македонија, Даре Џамбаз, што ќе се одржи на 2 април.
а го организира планинарското друштво Козјак. Патеката е долга 16 км., од Дупјачани, манастирот Трескавец, до амфитеатарот во Варош. Ќе дојдат и планинари од Бугарија.
– Тргнуваме од селото Дупјачани, од тука одиме кон месноста Сурун – Горно Село, каде што има стари гробници од македонски тип кои датираат од 3 и 4 век п.н.е. После се искачуваме на манастирот Трескавец, каде ќе има ручек, традиционално планинарско гравче. Потоа слегуваме кон Маркови кули, манастирот Св. Архангел Михаил и маршот ќе заврши во амфитеатарот во населбата Варош – вели Методија Ризановски, претседател на Козјак.
Најстарото планинарско друштво во Прилеп, основано е 1938 година и брои 100 членови. Планираат годинава третпат да го организираат и кампот за едукација на млади планинари во јули во Беловодица со 80 учесници.