ЈАДРАН ЗА СОНУВАЧИ И АВАНТУРИСТИ

Poln sjaj na hotelot JadranХотел Јадран уште не исчезнува од сеќавањата на луѓето. Го памтат постарите плочникот со џагор и ѓурултија од минувачите, од пијачите. И не само тоа. Јадран нудел сé. Од пиле млеко. Што велат.

Имало работа за по некое сиромавче како келнерче или хигиеничарче, за некој турист и за француски авантурист кој по пижами би прелетал по коцката пред доцнежна Југопластика.

Што ли барал во прилепската ,,бара,,? Знае само коската на градбата хотелска стара! А приказните за убавините на хотелот, ги знаат хотелиерите – хотелиерките, макроата, собарките, келнерите за журките, крштевките, пијанките… И плус сеирџиството, курназлаците и мајтапите од ресторанот во хотелот.

Јадран бил јадрото на градот. Јадран бил Меката и Медина за гурманите, на “мудурите и мајмуните…”

Да не ја расипуваме со збор магијата на фотката! Сетете се, фантазирајте… 

Loading