АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

И гребаторите започнаа да посетуваат педикир.

*

Кога не е ниту социјализам ниту капитализам дали тоа значи дека е промашена станицата на која требало да се качиме?!

*

Даде збор откако се си собра за себе.

*

Кога пензијата не му стига  за џепарлак дали  егзистенцијата  му е сериозно загрозена?!

*

Не е доволно да ги биете само нивните сенки.

*

Кога некој е закон во градот, други закони не постојат.

*

Штом шумата од закони стана џунгла се’ потешко е пробивањето напред.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading