„БОЖУРИ“ ОД МИЛАН ТЕМЕЛКОСКИ

Изложба

Изложба на дигитални фотографии “Божури” од Милан Темелкоски ќе биде отворена денеска од 13 часот во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Документаторот Темелкоски ќе се претстави со 23 фотографии, на кои е претставено цвеќето божур.

– Божурите се снимени на Плаошник, Охрид во 2010 година. Фотографиите во боја се постари. Инспирација беше слика од уметникот Кирил Гегоски, која носи наслов “Божури”, изработена 1993 година. Божурите ме поттикнаа и ги реализирав фотографиите  – вели Темелкоски.

 За него фотографирањето  е да се забележи моментот.

– Предизвикувачки е да се долови мигот, но потребно е да се види – додава тој.

Темелкоски се занимава со фотографија од 1980 година. Оттогаш досега е негов личен печат.

– Многу години работев како документатор и создавав фотографии. Имам различни типови на фотографии – црно бели, помалку со колор, различни мотиви како Маркови кули, чудата на природата, антропоморфни форми. Имам и документарни портрети. Од втора-трета година во гимназијата, како аматер во театарот, работев портрети на театарски луѓе. И, тука, инспирацијата дојде од Гегоски, кој црташе на тркалезните маси. Тогаш си реков зошто да не го земам апаратот и да фотографирам портрети. Продолжив години да овековечувам луѓе од театарот. Дел се презентирани на изложб и дел не се – додава Темелкоски, кој досега имал неколку изложби на фотографии.

Loading