УЧЕНИЧКИ СТИХОВИ ЗА ДЕНОТ НА ПОЕЗИЈАТА

Клубот на литературни творци Прилеп со пригодна манифестација на 21 март во киното Мис Стон ќе го одбележи меѓународниот ден на поезијата. Ќе се читаат стихови од ученици, наградени на конкурсот на Клубот по повод 8 Март.

– Традиционално клубот во март објавува награден литературен конкурс за ученици од петто до деветто одделение од основните училишта. Конкурсот беше ограничен само на една поетска лична творба на слободна тема за да ја искажат својата креативност и талент за пишување, творење на македониски литературен јазик. Пристигнаа многу творби од кои повеќето се квалитетни, што претставува задоволство што сме успеале да ги поттикнеме и мотивираме младите да го сакаат и негуваат пишаниот збор. Комисија од членови на клубот направи оценка при што решивеме, поради многуте кандидати, да се доделат награди во секое училиште по една диплома за прва, втора и трета награда. Останатите автори ќе добијат благодарница за учество – велат од клубот.

Loading