БОСИЛЕК ПРИТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ

Босилекот во коомбинација со лукот претставува најмоќен антибиотик на природата. Кралот на билките, моќен природен антибиотик, босилекот, е стара популарна билка. Малата зелена грмушка се одгледува поради лековитите листови и семето.

Содржи доста витамини Б6, А, Ц и магнезиум. Магнезиумот го јакне срцевиот мускул и спречува појава на инфаркт. Свежите листови се со антибактериски и антисептички својства. Корисен е за различни инфекции. Листовите може директно да се ставаат врз рани и се спречуваат бактериите.

Тој е силен антиоксиданс, антибактерик, го јакне имунолошкиот систем, спречува оксидација на холестерол, го штити срцето и крвните садови, помага во борбата против инфекциите, ги намалува воспаленијата предизвикани од артритис, лекува мигрена како и воспаление на бубрезите.

Во кулинарството како зачин се приготвува со ставање пред крајот за сочувување на вкусот. Може да биде и декоративна билка во рестораните и кафеаните.

Чајот од босилек се приготвува и од свежи листови. Сечканите листови се преливаат со врела вода и се поклопува да не испарат етеричните масла. По 8 минути се процедува и се пие.

Сок од босилек. Во сад со литар вода се додава 400 гр. шеќер. Кога ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи, се додаваат 4 лажици сечкан босилек. Се вари уште 10 минути. Се трга на страна поклопено и кога ќе се излади, се процедува. Се додава сок од 1-2 лимони. Се чува во шише во фрижидер и се користи како сируп на растворање.

За кашлица и болести на респираторните органи добро е да се џвакаат свежи листови од босилек.

Потребни се лажица босилек, 250 мл. зовриена вода, лажица рендан ѓумбир, лажица мед, прстофат сол и 5 каранфилчиња. Се подготвува напитокот од босилек со попарување на билката, се остава поклопено 15 минути и се процедува. Во овој чај се додаваат рендан свеж ѓумбир, мед, каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.

Loading