АТРАКТИВНИ МАНAСТИРСКИ БИСЕРИ

– Реконструирани манастири со асфалтни патишта за туристи за презентација на богатото културно наследство

Се посветува големо внимание во зачувувањето на културното и историското богатство. Дел од тоа наследство се познатите манастирски комплекси, Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, манастирот Свето Преображение во селото Зрзе и манастирот Свети Архангел Михаил во Варош. Културните бисери од вековите, а и останатите помали манастирски зданија добија асфалтни врски, дел нови конаци, други комплетна реконструкција.

Од 2013 година до Трескавец се стигнува по асфалт. Во патот од 7,5 км. се вложија 1,8 милиони евра. Опожарените конаци се реконструирани за околу 120 милиони денари. Се реконструира и реставрира црквата, старата трпезарија, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата.

По асфалт се стигнува и до Свето Преображение – Зрзе. Асфалтирани се 7,5 км. за 1.6 милиони евра. Осветени се новоизградените монашки конаци на духовното светилиште. Таму се реконструираа и владичките конаци и се третираше археолошки бигорната карпа врз која е изграден манастирот.

Комплетно се реконструираше и обнови источниот конак на манастирот Свети Архангел Михаил за 13 милиони денари. Нови конаци доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово, каде секоја година се заштитува и конзервира црквата од 11 век.

Лесно достапни станаа и манастирот Свети Димитрија во селото Селце, и новата црква во селото Волково, откако се поврза со асфалтни патишта. На тој потег леснос е стасува до манатирот Свети Никола во селото Прилепец.

Граѓаните со поддршка на донатори ја кренаа и црквата Покров на Пресвета Богородица во месноста Кула, Света Петка кај селото Лениште. Црква се гради во близина на Маркова Чешма. Две, од трите мали цркви во градот, веќе ги прибираат верниците. Станува збор за Свети Елена и Константин, Свети Кузман и Дамјан во дворот на Болницата и Свети Наум кај салата Македонија, која е при крај.

Сјајот на храмот Св. Петка

После 100 години во Точила се изгради нова црква посветена на Св. Петка. Велелепниот храм никна со повеќе донации на граѓаните, бизнис секторот и локалните власти.  Црквата доби камбанарија. Хортикултурно се уреди малиот плоштад и дворот. Просторот се украси со фонтани, клупи, канделабри и друга урбана опрема. Иконостасот е од бел мермер. Треба да се изгради уште административен објект за свештениците, кујна и трпезарија за верниците.

Црквата негува и свој хор.        

Loading