3 ДЕНА БЕЗ 4 КИЛОГРАМИ

Пролетта е идеално време за спуштање на вишокот килограми добиени од зимата. Со јогурт диетатасе слабее за три дена. Се топат мастите и организмот се ослободува од наталожени штетни материи.

ПРВ ДЕН – Појадок – овошен или обичен немрсен јогурт со снегулки по желба. Ручек – на маслиново масло се динстван зеленчук и на крајот се меша со претходно сварен ориз. Освен сол и црн пипер, не се додаваат други зачини. Десерт – овошен јогурт. Вечера – пред спиење заситува салата со шунка и морков. Еден рендан морков, едно јаболко и 50 г шунка. Се пропржува со малку маслиново масло. На крајот се мешае со немрсен јогурт.

ВТОР ДЕН – Појадок – Салата од краставички со јогурт. Ручек – се посолува и запиперува малку мисиркино месо на коцки. Се пече на маслиново масло. Се додаваат сечкани печурки, една пиперка и еден домат. Се додава јогурт кога зеленчукот ќе омекне. Вечера – две чаши јогурт се мешаат со неколку бобинки шумско овошје.

ТРЕТ ДЕН – Појадок – Со јогурт со сирење, сечкано јаболко и малку цимет. На крајот малку се посолува и запиперува. Ручек – се сечкаат 150 г. филе од ослич. За прилог е салата од јогурт, сечкана краставица и малку сенф. Вечера  – се варат 100 г. тестенини, на кои се додаваат сечкана пиперка и варено јајце. Сето се меша со јогурт.

Loading