ДИЕТА, ТРЕНИНГ И ПСИХОЛОГИЈА

Преодот на зимата кон раната пролет е вистинско време за работа на личниот имунитет и општата животна виталност. Ако ја погледнеме природата, таа секогаш својата витална трансформација ја почнува во овој период, крајот на февруари и почетокот на март. Најздравите животни форми  стартуваат во овој период. Природно, можете да учите сé од живиот свет. Овој период е познат по обилни врнежи кои го чистат воздухот и ја мијат земјата. Потоплите воздушни слоеви се сменуваат и доаѓаат од југ и североисток и вршат детокс на целокупниот биодиверзитет. Сончевите зраци имаат поинтензивна фотонска и топлинска емисија што влијаат на процесот на Ацетил холин трансферазата во човечкиот организам.

Истражував малку по сајтовите и литературата и добив впечаток дека луѓето многу се одалечиле од овој природен тек. Урбаната култура е само парче розеви очила на современиот човек, кој сосема нелогично бистрата вода ја бара во маркетите. Тука почнува и завршува сé за и околу здравиот живот на човекот од почетокот од 21 век. Денес, капитализмот е во состојба  еколошкиот пристап во живот да го прогласи за марксизам, зошто личниот природен став кон живот води кон профит. Еве вака, ако користите велосипед, значи не го загадувате воздухот со согорени гасови. Од друга страна, срцето станува поздраво. Страдаат автомобилската, нафтената и фармацевската индустријата, приватната лекарска комерцијала. Ако јадете свежо овошје, не пиете сокови со вештачки засладувачи, како аспартан и цикорија, не дајбоже Кока Кола со 40 отсто шеќер во колоидниот раствор. Ако не јадете бурек, кроасан, еурокрем или потпечени сендвичи со салами и виршли, кечапи и мајонези, тогаш страдаат пекарската и прехранбената индустрија. Има многу примери за исхраната, иако денешната органолептичка  и хигиено – техничка  контрола е на многу високо ниво.

Наидов на приказната на двајцата италиански социјалисти кои кон крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите, воделе кампања за оваа опција на здрава животна прехранбена навика. Но, завршиле со кривични пријави за ширење на маркситички идеи. Да се спасат од затворот ја формирале организацијата Слоњ фоод, која има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за природна храна, подготвувана во традиционалните италијански  семејства, а која давала здрави и витални единки со бистри умови. Примерот на Тимурските острови во Полинезија е уште поригорозен. Домородното население се хранело со риба и овошје, но откако станале американска опитна станица, прехранбените навики се смениле и населението се префрлило на увозно американско говедско месо, салами, нудли, зашеќерени сокови, кандитории, полуготови замрзнати и конзервирани зеленчуци. И гледај чудо, се појавил дијабетот, дебелеење, васкуларни заболувања, кои  сега кај истите тие атлетски градени генетски структури на домородното население, на добри веслачи, пливачи, нуркачи и качувачи по палми, бил застапен во 83 отсто од популацијата. Алармантно е што прагот на возраста за појава на дијабетична болест е многу низок на 8 до 10 години. Заедничко за двата примера е дека нити физичката активност, нити прехраната, не се толку битни фактори за општата витална состојба, туку најважно е  ДОНЕСУВАЊЕТО НА ВИСТИНСКА И ПРАВОВРЕМЕНА ОДЛУКА за здраво живеење.

Еве еден домашен пример. Наскоро почнуваат најдолгите пости и апсиненции од религиозни и лични убедувања. Светот е уверен дека тоа е исправно и потребно, апсолутно е прифатливо. Но, постоа многумина ќе излезат со вишок  на килограми поради посната храна. Некои ќе ослабат до степен на слаб имунитет и снага. Посната храна или целодневната апстиненција од храна, го променува метаболизмот. Има една многу поважна порака во сите овие пости, вклучена во скоро сите религии. А, тоа е да не размислуваш негативно и да не правиш лошо никому, односно да помагаш на сите што им  е потребно. Хумана порака. Тоа подразбира редуцирање на барањата и задоволствата кон матерјалниот свет. Тоа не во полза на капиталистичката економија. Но, во религијата нема марксизам, туку е крстено како истихазам, екстремизам или испоснички фанатизам. Значи, социјалниот живот мора да постои, производството исто така, но во последно време никогаш на Земјава толкава популација, немало толку богати, но и толку нездрави луѓе, без разлика во кој дел на планетава живеат.

И религиските сфаќања даваат насока да се донесе правилна одлука.

Каде е, во сето ова, современиот човек и неговото здравје? Прашање со едноставни одговори. Ќе го најдете во обложувалниците, на ФБ профилите, инстаграм, во пицерии и кафетерии, во автомобили кои дневно врват во просек по 400 км. Оние со поздрави навики ќе ги сретнете во истата стапица, во теретани како пијат протеини, креатини, на скапи велосипеди, на џогирање, со диететски режими кои подразбираат редукција на делови од природната храна или планинарење низ изменет еколошки амбиент и изложување на екстремни спортови, со исхрана од смути, житарки, апетисани и аспартански бонбони и чоколади. Работни навики кои подразбираат физички и ментален напор поткрепен со кофеински напитоци, енергетски  илузии и никотин. Дистанцата од природните човекови потреби е пропорционално обратна од нивниот социјален животен успех. Алкохолот, дрогите, дезодорансите и парфемите и другите стимуланси, намерно не ги споменувам. Денес, ќе сретнете помалку луѓе кои поднесуваат лук, кромид, домати, пиперки, зелка и пченка, а јадат кечап, ѓумбир, куркума, авокадо, цералии. Значи, во старт, донесена е погрешна одлука. Кога идеата е погрешна во старт, а сé другото добра беспрекорна логика, психијатријата ваквата состојба ја третира како параноја.

Пролетва, многумина ќе се ориентираат кон подобрување на личното здравје, користејќи смалување на оброци, промена на нутритивните вредности на исхраната или телесни вежби. Никој нема да помисли дали ја ДОНЕЛ ВИСТИНСКАТА ОДЛУКА, за неговиот метаболизам и неговата виталност. Психологијата на тоа гледа од друга агол.

Во 90 проценти од луѓето, преку желбата за промена, сакаат да ја надминат емотивната траума. Мора прво да ја најдат причината, па после да пристапат кон средување на своите очекувања. Тоа не се решава ни со нутриционист, ни со психотерапевт, нити со персонален тренер. Да, тие стручњаци, помагат, но на кратки патеки, зошто после тоа тој сигнал на губиток се запаметува во вашите депоа, а потоа се труди да го врати метаболизмот во старите клишеа. Денес, современиот човек потешко го сфаќа тоа, зошто влегува во замките на инстант клишеа, игнорирајќи ја природата во себе. Прво,  треба да се разбере дека едни исти килограми кај две различни лица, различно им одговараат, односно дека С, М, Л , ЏЏЛ, ЏЏЏЛ  се само конфекциски бројки на сериско производство. Кој конфекциски број што го сакаш е само твоја ПАМЕТНА ОДЛУКА. Како да ја донесеш?

ТОЧКАТА НА ПУКАЊЕ Е ВО НОВИОТ ПРЕДИЗВИК, новата сезона. Кога се обновува новата сезона во природата и вашиот организам се подготвува за обнова. Игнорирањето на тоа  НЕ Е ПАМЕТНА ОДЛУКА. За тоа немате никакво оправдание, туку едноставно НЕ ЈА КОРИСТИТЕ ВАШАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА за паметни работи. Сензориумот на кулинарството е извонредно богат, а и тоа го стимулира хедонизмот, но и интелегенцијата. Потребата за движење на вашиот локомоторен апарат дава можност тоа безусловно да се прави. Добро осмислете го тоа и вашата природна потреба за прехрана и движење. Јадете сé она што е свежо и пресно. Сезонска храна во умерени граници е рецептот на Слоу фуд концепцијата наспроти Фаст фуд, брзата храна. Преферирајте храна од  непосредната околина. Не отфрлајте и не се ограничуваајте од некои видови храна. Вметнете ги во контролирани дози. Јадете 80 отстоод потребното, вели едно старо и испробано јапонско правило.

Е сега, прашање е колку е здраво да се живее со вишок килограми? На различни животни стилови им е потребна различна прехрана, но тоа е променлива варијабла во животната хомеостаза на секој човек посебно. Здравиот дефицит се одработува со физичка активност, со оптоварување до степен на 80 проценти од можностите, за постарите и помалку, некаде до 50 отсто. Оние кои тренираат над тој праг, треба да знаат дека со зголемувањето на напорот, прават подлога за покачување на телесната  тежина, зошто изложеноста на физички стрес, не доведува само до издржливост, туку и до подготовка на депоата на организмот. За децата до 10 години, без ограничување е препораката на угледниот прилепчанец, проф др. Петар Жешков, педијатар и невролог. Ограничувањето прави секогаш траума која подоцна во животот ќе направи јо-јо ефект. Немојте да дозволите изгладнување, зошто метаболизмот и телесните клетки го паметат тоа. Тоа не доаѓа во предвид, јадете колку да ги задоволите вашите потреби на базалниот метаболизам, а дефицитот одработете го со вежбање. Рестриктивноста е уште една нездрава емотивна траума.

За крај, препораката е дека ПРАВИЛНАТА ОДЛУКА СЕ ДОНЕСУВА ПРАВОВРЕМЕНО, во вистински тајминг, во согласност со природата и потребите на организмот. Треба да знаете дека за целосна промена во клетките на организмот потребно е најмалку 4-5 месеци. За добар животен баланс потребно е време, а тоа почнува токму сега. ВИСТИНСКАТА ОДЛУКА ПОДРАЗБИРА СПОСОБНОСТ ЗА СПОНТАНА КОНТРОЛА ВРЗ СЕБЕ СИ во траење од најмалку 4-5 месеци, како една здрава навика, која вашиот метаболизам би ја прифатил за своја.

Автор Јован  Велески

Loading