Изјава од дежурниот лекар во Итната медицинска помош по увидот на синоќешното убиство

Во 19:35ч во службата за ИМП – Прилеп беше примен повик за лице паднато што крвари в центар. Повикот беше примен преку 112. Екипата одговори на повикот и излезе на терен.

На местото на настанот пациентот беше паднат, без свест, неконтактибилен, без витални параметри. Екипата интервенираше, пациентот беше ставен на носилка и беше веднаш започнато СБМО (Срцево Белодробно Мозочно Оживување).

Пациентот беше транспортиран во ЈЗУ ОБ Прилеп – оддел за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување каде што се продолжи со кардиопулмонална ресусцитација.

И покрај превземените мерки за реанимација и напредно одржување во живот, пациентот не ја прифати реанимацијата, се вели во изјавата на Д-р Јована Присаѓанец – доктор во ИМП – Прилеп. 

Loading