УВЕРТИРА НА СЛОБОДАТА ВО СТУД

80 години од Февруарскиот поход

Македонската историја изобилува со многу настани, личности и драматични случувања. Македонија остави длабоки државотворни траги особено во НОБ. Историјата на современата македонска држава започнува во народноослободителната и антифашистичката борба (1941-1945). Круна беше Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) со историските одлуки за прогласување на Демократска Федерална Македонија (ДФМ) како дел од Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ). Поради специфичноста Февруарскиот поход е уникатен и неповторлив чин. На чело со командантот Апостолски и делегатот на Врховниот штаб, Светозар Вукмановиќ – Темпо, ставено им е на знаење на германскиот и бугарскиот окупатор дека во Македонија постои оружена сила. Долгите маршеви во Февруарскиот поход се изведени во тешки зимски сурови услови, преку планини, врвови и сртови. Само Првата македонско – косовска ударна бригада од 31 јануари до 14 февруари 1944 година од Караџова до Азот и назад, минала над 260 км, дневно повеќе од 18 км, водејќи борби со Бугарите. Дел од Втората македонска бригада од 6 јануари до 4 февруари крстосува меѓу Кожуф – Демир Капија – Црна Река, водејќи борби со окупаторската војска, разбивајќи ја бугарската општинска власт. Поголемиот дел на 31 јануари се упатува преку Кожуф кон Мрежичко. Третата група за 23 дена минала 450 км. или дневно по минимум 20 км, совладувајки разлики од 800-900 м. Искуствата послужиле на понатамошните борби за конечно ослободување на Македонија.

На Февруарскиот поход била опфатена скоро целата територија на Македонија, вклучително и големдел од Егејска Македонија и јужна Србија, околу манастирот Свети Прохор Пчињски.            

Борбите се разгореле низ цела Македонија. Биле создадени поголеми слободни територии и се формирале нови партизански единици. Повеќе учесници сведочат и пишувале дела. Нема заборав. Методија Андонов – Ченто рекол дека на поход е создаден народно ослободителни одбори во селата со вклучување на видни, образовани луѓе. На Првото заседание на АСНОМ е крунисана, потврдена и запечатена долгогодишната борба за слобода и државотворност на македонскиот народ. Тие се основа за референдумот на 8 септември 1991 година, преку кој се остварени повеќевековните стремежи на многу борбени генерации за самостојна, независна и суверена Република Македонија.                                                                                              

Рубинчо Белчески историчар

Loading