РИСТЕСКИ СПОДЕЛУВА ИСКУСТВА ВО СРБИЈА

Екс градоначалникот Марјан Ристески го даде придонесот со искуството за концептот на транспарентно, одговорно и отчетно локално владеење во Сокобања, Србија, организиран од Меѓународниот републикански институт. Предавањата биле дизајнирани да ги обучат со слушателите со практични примери, вештини и стратегии неопходни  за транспарентно  работење во интерес на граѓаните и заедницата.

Ристески, со искуство на градоначалник, ги споделил практиките за успешно локално владеење. Потенцирал дека подобрување во континуитет и надоградбата на транспарентноста и отчетноста се најважен елементи во јакнењето на интегритетот и постигнувањето успешни резултати.

Loading