СТОТИНА ВРАБОТЕНИ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО НА УЛИЦА

Протест во болницата

Протестираа стотина вработени со нерешен статус во болницата. Станува збор за лекари, медински сестри, болничари, возачи, хигиеничари…, од кои дел се ангажирани и по 7 години, ги загубија договорите за работа, наместо да се вработат на неопределно време. Според нив, дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова, не потпишувала согласност за договори на дело или за трајно вработување.

Менаџментот на болницата ги поддржува вработени  без статус, зашто тие секојдневно и несебично вршат работни задачи. Болницата ги запазила роковите за барања до Владата.

Директорот Кети Смилеска апелира до министерот за здравство Елена Петрова да се охрабри и да го ослободи процесот за вработување на луѓето кои секојдневно им помагаат на прилепчани.

– Болницата застанува зад нив. Не можеме без овие луѓе, нема друг кадар. Распределени се во сите одделенија како доктори, медицински сестри, возачи… Затоа министерот да го надмине партиското и да се води од совеста и човечноста – рече Смилеска.

Благоја Јагуриноски, возач во болницата, се пожали дека им секнуваат платите, оти немаат договори. Тој изрази жалење за малку нехуманиот,  начин протестс, оставајќи ги обврските.

– Револтирани сме, оти уште не е решен нашиот статус. Вработени сме со договор на дело. Сега немаме договори, а се продолжуваа секој почетокот на февруари. Немало пречки во исплатата на паричниот надомест – вели Јагуриноски.

Синдикатот смета дека е нужно донесување на Закон за траснформација на работните односи.

– Ги повикувам пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и другите политички партии, пред распуштање на парламентот, да донесат закон исто како што си ги покачија платите за 78 отсто – вели Дејан Јованоски.

Дополнителниот заменик министер за финансии, Елена Петрова, напиша дека барањата биле препратени до министерот за финансии уште во декември и јануари, пред формирањето на преодната влада. Тие можеле да  решат, ако сакале.

– Не постоела волја, туку само затскривање и алиби со тактизирање и чекање на стапување на функција на дополнителниот заменик министер за финансии. Не е фер кон нив, сепак побарав усогласување со законот – вели Петрова.

Затворениците без медицински персонал

Вработените во затворот во Прилеп го поддржуваат медицинскиот персонал кој кај нив работи со договор на дело од 2019 година. Оценуваат дека е нужно трансформирање на работниот однос во трајно вработување. Според нив, со позитивен исход, прекинува неизвесноста на медицинскиот персонала и продолжува квалитетната здравствена заштита на осудените лица во затворот.

Loading