СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА

Во организација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност беше одржано едукативно стручно предавање за вработените лекари и медицински сестри од  гинеколошко акушерското одделение, одделението за анестезија и реанимација и службата за итна медицинска помош на тема: “Основи на неонатална вентилација”. Предавање имаше  Примариус д-р Беса Поцеста, а проф. Д-р Аспазија Софијанова пак одржа предавање на тема: “Неонатална и животна поддршка”.

Дипломираната акушерка сертфициран предавач од СЗО и проектот ХОПЕ, Афродите Џафери одржа предавање на тема: “Контрола и превенција на инфекции (интрахоспитални инфекции). Освен теоретски, имаше и практичен дел со интерактивно учество.

Обуките се поддржани од Министерство за здравство и проектот ХОПЕ.

Loading