ДОНАЦИЈА ОД 16 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ФРИЖИДЕРИ

За капелата на Старите гробишта

Речиси е готова капелата на Старите градски гробишта. Наскоро ќе биде доопремена со фрижидери. Здружението0 за заштита на Старите гробишта подари еден милион денари на локалната самоуправа преку Комуналец да се набават четири фрижидери за одржување на погребните останки на граѓаните.

Според претставниците на Здружението, остануваат уште некои ситни вложувања за мебел, друга придружна опрема и декор, капелата да биде сосема подготвена и да се стави во функција. Додаваат дека и за тоа располагаат со средства, но чекаат да се заврши набавката и инсталацијата на фрижидерите. Се надеваат дека капелата за кусо време ќе биде завршена и дадена во употреба по десетина години. Капелата располага со простор за за одвивање само на една погребна церемонија. Таа е објект со помал обем. Изградени се и други простории според стандардите за објект од ваков карактер. Градбата беше барање на граѓаните кои имаат гробни места на своите блиски на Старите гробишта.

Со објектот ќе стопанисува Комуналец.

Инаку, инвестицијата е 120 илјади евра, вклучувајќи ја градбата, односно комплетната инвестиција.

Ова ќе биде втор објект од ваков тип по оној на Новите гробишта од 2015 година. Двете капели ќе ги задоволат потребите на градот.

Loading