ШТИПЈАНИ ВО „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“

Кошарка

Зема залет пролетниот дел од првенството во Втората кошаркарска лига. На ред е втората рунда, вкупно 13. В сабота (19 ч.) во салата од ОУ “Добре Јованоски” е дуелот Мега баскет – Соколи. Двата тима се соседи на табелата, прилепскиот на 8. место со 16 бода, штипскиот на 7. со 17. Борбата е за пласман што повисоко од двете последни места кои водат ранг подолу. Но, за екипата Мега баскет, водена од новиот тренер Мико Голубовиќ, мотив е и желбата за реванш за есенскиот пораз во Штип, со 80:73.

Претходно, на стартот од пролетниот дел, Мега баскет со високи 73:35 го совлада Куманово 2009, на негов терен. Како и есеноска во Прилеп, улога одигра големата разлика во квалитетот на ривалите. Бидејќи тогаш беше 121:67, на двата меча разликата е 92 поени – 194:102.

Табела: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи и МЗТ Уни 21, Ангели 19, Борец 18, Соколи 17, Мега баскет, Водно и Работнички 16, Тетекс 14, Куманово 2009 – 11.

Loading