НА ЕВРОПСКОТО И АЗИСКОТО КОПНО Е ИСТАНБУЛ

Животен пропуст е да не се види портата на Европа и Азија – Истанбул. Се простира на два континента. Полн е со атракции и богата историја, оти бил престолнина на Византија, со името Константинопул, и Отоманската империја. Таму е сегашноста и се “ѕирка” во минатото. Воодушевуваат контрастите на старата и модерна архитектура, проткаена со бројни технолошки апликации.

Истанбул е возбудлив мегалополис кој не спие. Привлекува не само со историското наследство, туку и со вкусната храна, блиска на нашата кујна. Од палати до џамии, до обелисци до цркви, паркови, крстарење по Босфорот… Сето тоа  восхитува и останува во длабоко сеќавање.

Да се открие дел од градот долг и широк околу сто километри нужен е водич. Тој ќе ги претстави најатрактивните зданија што се препознатлив белег на теснецот меѓу Црното и Мраморното Море, Босфорот. Прво место за самостојна прошетка е Аја Софија. Некогаш била црква, па џамија, па музеј и денеска пак е муслимански верски објект. Може да се влезе низ портите и да се види раскошот на уметноста. Таа е интеграција на византискиот и муслиманскиот период. Околу е палатата Топ капи, Сината џамија, Археолошкиот музеј, Големиот базар, Музејот на исламска уметност…

Отоврена е до дворот палатата Топ капи, но се проверка. Била резиденција на султаните меѓу 1478 и 1856 година. надвор е брилјантната архитектура во исламски стил, а внатре е во музејот со бесценетости.

Сината џамија се истакнува со сините плочки. Изградена е во 1616 година. Везот не се плаќа. Доживувањето не се заборава. Блиску е и Музејот Аја Софија, Музејот на мозаиците, Араста базарот…

Тука е и Хиподромот од 4 век. Тоа е древен стадион за трки на коњи и кочии од грчкиот период.

Археолошки музеј е составен од три дела, археолошки, античкиот ориент и музејот на плочките. Претставени се милиони артефакти од различни култури.

Капели Чаршијата е најпознатото место за сувенири и шопинг со ценкање, особено на производи од кожа. Таа е најголемиот покриен базар на светот со декор од исламска архитектура со преку 4000 проданици.       

Областа Еминону е најстара со близината на јужниот влез на Босфорот. Тука е базарот за зачини.

Кулата Галата е од 14 век. Била надзор на пристаништето на Златниот рог. Подоцна се трансформирала во противпожарна кула. Во областа Беоглу се  музејот Галата, улицата Истиклал, музејот на илузии, музејот на Мадам Тисо.

На улицата Истиклал секогаш е метеж, поради стотиците продавници. Од двете страни се издигаат повеќекатници.

Не се пропушта Кулата на девојката, како лебди над водата на Босфорот. Оттука Истанбул како да го имате в раце. Кулата дење е кафуле, а навечер ресторан. 

Доживувањето на градот на двата континенти кулминира со крстарењето со брод по Босфорот.               

Долмобахче палатата е величенствено здание од 19 век. И таа била резиденција на султанот и административно седиште на Отоманското царство. Плени архитектурата со прекрасниот спој на европски и исламски дизајн..

Седиштето на православните христијани е Вселенската патријаршија во областа Балат. Куќите таму се шарени, а највисока е Сафир кулата.

Вечерта нужно е да се ужива во рестораните со традиционални специјалитети и музика. Да се доживее аромата и духот на турската култура.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading