Нејзините очи несвесно ги следат маневрите за пристанување на еден голем сребровиден космички кораб. Опколен со магла, сличен на едно од оние летачки чудовишта од приказните од старите времиња, кога пристигна вертикално над “Деница”. Го почна спуштањето од илјадниците кратковечни “влакна”, безбојни нестабилни хемиски соединенија, што се создаваат како волна околу вселенобродовите кога ќе навлезат во атмосферата од една планета, и што паднаа слични на гас, дожд, но набрзо се ресорбираа, исчезнаа како никогаш да не постоеле.
“Ова е бродот од Сирма, жената од син ми”, извикна во себе старата жена со лицето со боја на земја.
Кога ја виде грациозната силуета на Сирма како и се приближува, и кога нејзиниот поглед ги сретна очите од снаата, Еси веднаш разбра сé, стана и лицето и се земјоса уште повеќе.
Сирма ја стегна на своите гради и тивко и рече:
– Мајко, каква голема несреќа!
– Мртов е зар не?
– Да, мајко, убиен од космички пирати.
Двете жени една до друга набљудуваат како се приближуваат и се спуштаат пет вселенобродови. Четири од нив го опколиле петтиот. Овие огромни летачки постројки пламтат на небото обиколени од крвавоцрвена колорација. Величествени, сјајни, молчеливи како смртта, како одмаздата, како страшната студена лутина, неколку мига провиснати во воздухот, неподвижни, потоа петтиот, оној што е во средината, вртоглавно паѓа и го блокира своето движење на неколку десетини метри над двете жени. Една врата на неговото дно се отвора странично, од отворот изврејува голем сноп зелена светлина, се спушта додолу како столб до двете вдовици. Преку тој столб слегуваат четири роботи што блескаат од злато. Зраци црвени како крв им ги поврзуваат рамената. На носилката од светлина лежи како да спие еден млад човек, Капидан. Претходени од војник во комитското руво на националната гарда, запруваат пред Еси и Сирма и, видливо полни со уважување, чекаат молкум. Гардистот ги поздравува жените војнички и вели:
– Здраво-живо до вас, вдовици на хероите! Комитетот ми даде задача да ја донесам пред вас човечкава обвивка од Капидан, нашиот херој, бранител, нашиот сердар, кој смело падна во борба нерамна против сто непријателски космобродови, погоден од повеќе смртоносни ласерски снопја. Падна за Унијата, Слава му!
Четирите златни роботи повторуваат во хор:
– Слава му!
Го спуштаат телото што останува да мириса на еден метар над подот. Обичниот војник без офицерски чин и четирите роботи ги поздравуваат војнички двете жени. По зелениот столб од светлина, се враќаат во вселенскиот брод којо веднаш се извиши. Петте гигантски летачки исфрлаат тогаш една погребна песна неизмерна, величествена, неискажлива со збор, составена од секавици, од разнобојни флешови, од звуци што напати потсетуваат на ровји или на виење на тајфун. Потоа, завиткани во пламени црвени како крв, исчезнуваат полека на хоризонтот со боја на мртви лисје.
(продолжува)