ТВОРБА ОД ПАНОСКА ВО СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНОСТ“

На конкурсот распишан од библиотеката “Гоце Делчев” од Гевгелија, за 80 годишнината од раѓањето на Илија Карајанов и 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, нашата поетеса Снежана Паноска испратила поетска творба испирирана од творба на Илија Карајанов со наслов “Ќе ги најдеме ли клучевите за тајните двери и ковчези додека животот невидливо поминува”. Од библиотеката информирале дека нејзината песна е објавена во четвртиот број на списанието “Современост”.

– Првпат учествував и првпат моја творба  има во списанието со традиција 75 години. Среќна сум и добив “крила” за нови творечки авантури. Почестена сум со објавата, оти, како релативно непознат творец од внатрешноста, сум наредена  заедно со познати македонски и странски имиња. Сатисфакција ми е што го претставувам моето творештво – вели Паноска.

Во меѓувреме таа праќа песни на неколку меѓународни конкурси во земјава и во странство.

Паноска е член на Клубот на литературни творци од 2015 година. Потпишана е на кориците на две збирки раскази, три за деца и пет збирки поезија. Подготвува нова книга за деца.

Loading