ШЕКСПИР В ТЕАТАР СО “БУРА”

Ансамблот на театарот “Војдан Чернодрински” во средата премиерно ја зиведе претставата “Бура” од В. Шекспир, во режија на американскиот режисер Џон Блондел. Текстот од 1611 г. обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно дело.

Режисерот Блондел, со кого театарот првпат соработува, заедно со сценографот и костимограф Благој Мицевски, авторот на музиката Томе Темелкоски, создадоа извонредна претстава. Блондел успеал на сцената да ја прикаже сета сложеност на животот, бурите, вљубувањата, неверството, насилството, простувањето… Претставата е филозофија на животот која одлично ја пренесуваат актерите, на околу 60 гледачи на сцената кои како да се дел од случувањата.

Играа Игор, Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓеивски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска – Клинческа и Ана Митоска.

Loading