НЕМА ЗИМСКИ СОН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Пензионерите не мируваат и во декември и јануари. Во здружението анализираат што е сработиле лани и коваат планови за годинава.

На крајот на годината разгледуваа извештаи и програми во  разграноците. Сите комисии и тела дискутираа и предлагаат. Се провери и бројноста на членството. Извршниот одбор, а потоа и делегатите на собранието ги потврдија извештаите и програмите.

Последната седница на управниот одбор ја водеше претседателот на  Собранието, Димче Настески, поради здравствени причини на претседателот Славко Трајкоски.

Пред Нова година и Божик се поделија ваучери за набавка на храна за пензионерите со ниски примања. Во сите разграноци се организираа веселби и дружења. За празникот Василица, 120 члена од женскиот дел ја одржаа традицијата за “потрага по парето” и среќата. Најсреќна беше Милица Ралоска. Таа доби посебна награда.

Loading