Ефективно користење на енергијата
Цената на фосилните енергенси никогаш нема да оди надолу, огревните дрвја, па и пелетите имаат негативен еколошки аспект. Така за редуцирање на трошоците за греење најефикасни се топлинските пумпи.
Расти енергетска ефикасност со топлинските пумпи вода/вода, воздух/воздух. Термалната пумпа влече топлина од подземната вода во зима. Ја догрева, а во лето ја доладува. Температурата на подземната вода е околу 15 степени, па за догревање до 60-70 степени во зима не е потребна голема количина електрична енергија, како и за ладење во летниот период.
Пумпата ја апсорбира топлотната енергија од една локација и ја преместува на друга. Работи како и фрижидерот. Разликата е во насоката на топлотната енергија. Примарна цел í е автоматски да ја одржува температурата во одреден објект во текот на годината, без разлика дали се работи за греење или ладење. Тоа значи дека за едн киловата струја се добиваат 3-4 киловати топлина.
Принципот на работа е едноставен. Геотермалната пумпа ја користи енергијата на подземните води да ги лади или грее објектите, без да произведува енергија. Но нужен е приклучок на некој извор на енергија. Работењето е автоматизирано и еколошки прифатливо, бидејќи има нулта емисија на штетни гасови, а енергетски поефикасна.
Предностите за греење се добра економска ефикасност со повраток на инвестицијата од 4-7 години и голем степен на замена на користењето на фосилните горива со обновлива енергија. Исплатливоста е три до седум години во зависност од зимските температури и од цените на струјата.
Цената е во пад.