ЛЕНЕНО СЕМЕ ЗА ВИТА СТАВА

Ленот се одгледува и се користи со векови. Се користел уште пред 30.000 години.  Од ленот се прави платно, а од него облека. Тоа е природен материјал. Но, тоа  е и една од најхранливите намирници во светот.

За да се внимава на ставата, нужно е да се внимава и на храната. За тоа  е потребно само волја. Кога почнуваат да се трупаат килограмите, се создаваат тешкотии не само во движењето, туку во здравјето. Потребно е да се смени режимот на исхрана, особено во ерата на компјутерите. За да се сметне вишкот пожелно е да се консумира јаболков оцет и лимон, а најдобро “легнува” лененото семе, оти топи од тежината и влијае на здравјето. Тоа е чудо од семе. Потребено е мелено или зрна кои можат да се сомелат во блендер. Само, меленото брзо оксидира и се расипува. Треба да се чува затворено, на ладно и темно, да нема допир со воздух или влага. Најдобро е да се мели пред употребата.

Пожелно е да се јаде лажица секое утро со чаша јогурт или кефир. Брзо се забележува дека столицата станува редовна, стомакот помалку надуен, а гасовите веќе не се проблем.

За две недели, кога ќе се стапне на вагата, се губат најмалку два килограми.

Loading