ЛЕК ЗА ПРОСТАТА Е МАСЛОТО ОД ТИКВИНИ СЕМКИ

Маслото од тиквини семки е пожелно во исхраната, оти влијае здраво на целиот организам. Се користи во јадења со зеленчук, риба, печурки, за приготвување на тестенини и месо.

Маслото е драгоцено, оти е богато со витимините А, Е, Ц и К и содржи повеќе од 60 отсто незаситени масни киселини. Има и витамини од Б групата, минерали (фосфор, калциум, магнезиум, калиум) и траги на железо, цинк, манган. Содржи лецитин, протеини и салицилна киселина. Маслото од семки ја регулира зголемената простата, лекува инфекции на уринарните канали кај мажите и жените, го подобрува квантитетот и квалитетот на спермата, го регулира холестеролот, помага при кардиоваскуларните болести, помага при синдром на нервозни црева и за исфрлање на цревни паразити, ја нормализира функцијата на бубрезите, го подобрува имунолошкиот систем, го подобрува видот, го подобрува расположението, лекува изгореници и разни кожни болести, благотворно делува на тенот и успешно го запира опаѓањето на косата.

Маслото треба да се консумира најмалку три месеци по 2 лажици двапати дневно. Важно е да не се прекинува терапијата во првите седмици. Иако тегобите постепено исчезнуваат, терапијата продолжува 6 месеци, доколку има потреба.

При зголемена простата, симптомите на болеста се повлекуваат за неколку денови или седмици, бидејќи маслото има антибактериско дејство кое ефикасно го запира воспалителниот процес. Тоа не значи дека процесот на зголемена простата е прекинат.

Употреба на масло од тиквини семки е добро во превентивни цели.

Маслото се користи и во козметиката, во препарати за нега и лекување на кожата. Противвоспалителните својства помагаат во борбата против акните.

Вкусно е за приготвување на салати. Се користи во јадења со зеленчук, риба, печурки, за приготвување на тестенини и месо.

Домашно масло

Семките од тиква се распоредуваат во плех да не бидат една врз друга. Потоа се печат во згреана рерна на 60 степени од три до четири минути. Семките се ставаат во преса за цедење. Може да се исцеди и рачно. Но, ефикасноста е помала при толчење во аван. Треба да се процеди низ газа.

Маслото е потребно да се чува во стаклено шише со темнозелена боја, или темноцрвено ако сте користеле семки од некој друг вид на тиква.

Loading