ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (224) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Додека, во турско време на тогашните феудалци големци за одржување на нивните имоти им треба повеќе работна снага. Фамилија со помалце работна снага потешко можела да влези на работа кај големо поимотните феудалци богаташи. И како позаштитени од разни несреќи, убиства од качачките банди по патиштата. Момците кај беговите во тој случај биле поштедени од такви незгоди него рајатските фамилии. Нашите постари дедовци и баби велеја да и во таа политика од страна на властите и беговите имаше некаква соработка, зашита на своите момци.

Јошески Цветков Божин 1873 – 1962. Јошески Божин бил роден кај Каралијовци во с. Мало Коњари од мајка Елена од с. Обедник тогаш охридска каза и татко Јошески Цветко во с. Мало Коњари, прилепско. На две години му умира татко му Цветко. Неговата мајка Елена се премажува за Дамјаноски Коте во с. Марул со нејзе си го зема и малиот Божин во Марул каде Божин израстува во Марул, се удомува за Јана Колеска од Марул ствараат фамилија од четири деца, ги удомуваат, остаруваат и умираат, Јана во 1961година, а Божин во 1962 година. Овај Божин не е тој Божин од с. Коњари со Силјана Штркот.

Кажувано од Божин Јошески Котески кога бил мал на десет годинишна возраст во еден летен ден се собрале повеќе негови другарчиња воловарчиња во возраст некои постари, некои помали од него, сепак врсничиња како Дамјаноски Ристев Дамјан, Дамјаноски Василов Мицо, Гулабоски Новачев Димитрија, Гулабоски Стеванов Ристе, Јанкоски Ристев Стојан, Јошески Цветков Божин, Мојсоски Стојанов Крсте Колески, Ризоски Грујов Ризо Колески, Павлески Анѓелев Тасе, Ристески Ристев Петре Мурџески, Стојаноски Котев Тодор Дамјаноски прибрат на Јошески Божин, Танески Ристев Стојан Танески, Танески Стојанов Велјан Танески, Танески Атанасов Ризо Танески во тоа време сите биле деца на рајатски фамилии.

Воловарчињата сите биле рајатски деца и се одлучиле воловите да ги пасат во ливадите во местата викани Бресто, Езериште и Сува чешма во Горни превалец во близината н аместото Ушите марулски. За време пладнина воловарчињата воловите ги отерале на вода во Сува чешма јулур чешма и тие таму вода да се напијат и да ручаат. Чешмата е во марулскиот сињор која има камени корита полни со вода за напивање на стоката.

Само што се напиле марулските волови вода, исто така и воловарчињаат марулски се напиле вода, дошла и една поголема сурија волови терана од постари воловари со помали воловарчиња од тогашните јуруци денешните канатларчани. Сите старо и младо наоружани со пиштоли на појасите. Постарите Турци започна на скако Ѓаурите ги хранат хајдуците. Нас не фати страв, ги собраме нашите волови за да ги претераме во Езериште и Бресто малите деца Турчиња почна со пиштолите да пукат по нас, а додека постарите викат, бегајте бе ѓаур тој е мал не знај.

Ние ги оставиме воловите, се разбегаме преку Езериште, Брестот во Чешмурерче. Се собраме на брегот Големо брдо, седеме таму додека таа сурија со воловарите и децата нивни воловарчињата од Сува чешма во нивниот синор во коријата нивна. Тогаш ние отидоме, ги собраме нашите волови, ги дотераме во Попојца, ги напиме вода и си дојдеме дома. Нашите постари во неделата отидоја в црква палеа свеќи дека сме живи. Таков башибузук видов кога отидов во Америка. Преку денот мирно, милина. Штотуку ќе се стемни и ноќно време врие, грми од пукотници. Се знаеше да бандите водат војна помеѓу себе. Истепаните во преку во зората наутро ги собират. Преку денот пак е мирно. Откако ќе се замрачи почнува пукањето до зори. Мирниот народ од страв  навечер дома седи. Со погинатите жртви властите беа надлежни. За да ги штитат во Америка а колку успеват самите власти тоа го знат, рече Котески Божин.

Во есенските и зимните денови во 1957/58 година кога природните услови дозволува секоја вечер имаше омладинска средба на средселото исполнета со песни и ора поддржани со музика од Ристески Цветанов Најденко познат како Нацко Мурџески. Седумнаесет годишниот Нацко со голема дарба природно правеше разни дрвени фигури само со обичен нож. Поред остало направи дрвена зурла од дрвеното бозе во црквата кого го имаше тогаш во заградениот дел од црквата.

Зурлата Нацко кој ае направи беше слична на ѓупските зурли само се разликуваше во тоа неговата зурла писката и беше како од современите кларинети од пластика за да не омекнува при свирењето. Гласот инструментот му беше сличен како на ѓупските зурли. Важноста беше во тоа што имаше вечерни собири за младите навечер. Доваѓа млади ораџи и песнаџи како Боќески Трајче, Петрески Томе Ббајак, Колески Благоја отслужени војници. Повеќе помлади Танески Ќиро Танески Сребре, Василоски Китан, Јанкоски Трајче, Јолески Љубе, Мурџески Јованчев Петре, Мурџески Јованов Петре (малиот), Павлески Павле и Борис Ванчоски и други помали младинци.

Често пати доваѓа и постари музиканти и ораџи. Бабјаците Алексо, ванчо, Димитрија, Крсте, Митре и Томе, Василоски Алексо, Велјаноски Благоја, Јанкоски Китан и Цане, Јолески Благоја, Јованоски Димитрија, Павлески Игне и Јованче кој ги носеја и своите деца и девојчиња Верка, Спасија, Горица и Менка. Во нивна придружба Бошеска Ратка, Колеска Дуна, Колеска Тала, Мурџеска Алтана, Бабјакоска Пеша и др. Нема да ги заборавиме да не ги спомниме и Танески Јован и Богоја.

Важноста беше во тоа што времето се користеше за младинскиот собир каде се изведува ора и песни разновидни и учење на помладата генерација за настапување и тренирање за пеење песни и играње на ора.

Со таква инструментална свирка кај младите беше присуство секоја временска добра вечер на сред селото во Марул. Свирката беше без тапан. Додека свирачот Најденко – нацко беше овчарче.

Доваѓа третиот по ред во годината март – марта викани Цутар. За овој прв ден на март вон ашето село има почит према тој прв мартовски ден. Вечерта пред првиот мартовски ден се вари пченка, се прават посни питулици печени на вршник, се топат во млака вода помешана масло за јадење и толчен лук во аван или дрвена паница наравно додаток сол, потоа се редат во тепсија. За време на вечерата домаќинот се прекрстува и ги пресекува во крст питулиците. Се прекрстуваат и самите присутни на софата и се почнува вечерата. После вечерата се крева софрата со вечерата, се сучат мартинки од бела и црна парена перена овчка волна. Се сучат бели и црни волнени конци, конците од него се прават мартинки за на рацете и се шијат на ношното од внатрешниот дел.

Со мартинките на рацете се чекат да дојдат јужните птици преселници поготово ластовиците и со првото видување на ластовицата и се пее песничка, ластовичке со црно око со мартинка ве каниме гостинка да бидите. Со дарови доваѓате за мене фустанче за братчето кошулче. Се вади мартинката од раката и се фрла по ластовицата. Со тоа се прави голема радост кај малите деца.     

На првиот ден од марта сите луѓе се опрезни за да не бидат преварени од птиците со пеење. Поготово од птицата кукавица која се смета за несреќна птица. Само што ќе станат луѓето од спиење нагладно земат едно залаче лепче гаснуват за да не бидат разбиени од ливовите односно птиците. После се умиват и ги бркат другите работи.

Исто така денот први март кај народот се смета за нестерќен ден од разни почудувања поготово према стоката, добиците. Пак затова на први март на вратите од стоката односно добиците на надворешната страна се обележува крст со црна боја. Очите од сторитело, почудувачот, оручувачот кога ќе погледнат во вратата прво неговите очи прво удират во црниот крст на вратата, силата на погледот се прекршува во крстот, почудувањето се губи во крстот на вратата.

Продолжува    

Loading