ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА НА СВЕТЛАНА ЗУЛАМОСКА ГРОЗДАНОСКА

Во спомен куќата на Тодор Проески ќе се отвори хуманитарна изложба на уметнички слики, нацртани на камена плоча со акрилни бои, со ликот на Тоше под мотото “Срце није камен”, чиј автор е Светлана Зуламоска Грозданоска. Изложбата е во пресрет на 43- от роденден на Тоше.

– Сликите се плод на вредните раце на стилист, која подолго е позната по своите творби. Делата ќе се продаваат, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели за медицински третман и лекување на болно дете – велат од спомен куќата.

Точно 12 дела се изложени во спомен куќата. Продажните цени се со правилата за наддавање. Со согласност на родителите, дел од паричните средства ќе бидат донирани за лекување на малиот Војдан Спасовски.

Уметничката е позната по креации на јавни личности изработени со коса, меѓу кои и изведбата на портретот на Тоше. Таа ја подигнала креативноста и умешноста на повисока инстанца. Тоше го пренесува со акрилни бои на камена плоча.

Loading