БРИСЕЛ – ПРЕСТОЛНИНА НА ЕУ

Брисел е главен град на Белгија, дом на белгиското кралско семејство и главен град на Европската унија. Живеат неколку милиони луѓе, со одлично организиран јавен превоз, метро, трамваи, автобуси. Тој е економски центар. Некој ќе рече дека во Брисел нема толку атракции како други градови. И на “втор амајка” остава силен впечаток, оти има што да се види. Особено ако имате некој пријател како семејството Василески, па да го рагледате градот темелно, до умор.

Првин се препорачува да се “открие” атомиумот. Градбата е со девет топки меѓусебно поврзани, кои потсетуваат на структурата на железото. Влезницата чини 16 евра. До врвот се оди со лифт. Од височината го има најубавиот поглед не само на дел од Брисел, туку и на паркот Мини Европа со репродукции на 350 градби од 80 европски држави во размер 1:25. Атомиумот датира од 1958 година. Граден е како светска изложба и стана симбол на модерниот град, кој се претвори во трајно наследство. Од деветте топки, шест се достапни. Нудат различни содржини како изложби, ресторан, панорама. Неопишливо е со зборови задоволството. Тоа треба да се доживее.

Неодминлива е посетата на Гранд Плаце или Гроте Маркт, грдаскиот плоштад. Заштитен од УНЕСКО. Воодушевуваат различните градби со интересна архитектура, особено Градската куќа и Кралската палата. Низ многубројните тесни улички, поплочени со камен, се движат илјадници туристи. Брисел има уште еден симбол. Се вика Манекен Пис. Тоа е бронзена скулптура од 61 сантиметар. И да не се бара, не се одминува, заради малата висиочина и локацијата. Го задржува вниманието на сите. Постојат повеќе легенди. Една е дека мало момче се помочало на запалениот барут, кога градот бил опседнат, и го спасило градот. Умешните домаќини направиле сувенир од симболот. Во зависност од временскиот период, се облекува со соодветна облека. Така во време на божикните празници носи дедомразовски костим.

Во стариот дел, до поранешната палата на берзата, сега Музејот на пивото, се стигнува со трамвај до Кралската палата. Тоа е импресивно здание. Понатаму се неколку музеи, па Европскиот парламент и на крајот до Јубел паркот каде е и Трумфалната порта од 1905 година и е најдолга на светот. Во паркот има и неколку градини и музеи.

Доживување помалку и грев е да не се види Еглисе Нотре Даме Ду Саблон. Таа е најубавата црква. Посветена е на Св. Михаил и Св. Гудула. Готската градба е од 1225 година. Финиширала дури неколку века подоцна, во 15-ото столетие. Здивот застанува првин до фасадата под која се величенствените широки скали. Празник на очите предизвикуваат двете кули од по 69 метри. Грандиозно здание.

Како капаче на восхитот секако се вкусовите на традиционалните бриселски компири и вафлите, па белгиски чоколади за подарок.

Брисел е многу скап град за живеење. Го потврдуваат пријателите. Сепак е добро да се биде дел од главниот град на ЕУ, бидејќи тука се најзначајните институции, Европската комисија, Парламентот на ЕУ и др. Службени јазици се францускиот и холандскиот, а поголем дел од жилетлите течно говорат англиски.

Завршува престојот. Можеби во некоја пригода повторно ќе се “гушнеме” со овој град  кој остава трајни спомени. Дотогаш може да се ужива и во фотографиите.

Текст и фото Ка.М.

Loading