НА 27 ЈАНУАРИ СО НОВ ТРЕНЕР

Кошарка

Најкуса е паузата во кошарката. Првенството во Втората лига продолжува на 27 јануари, со 12. рунда. Тогаш, на гости кај Куманово 2009, прилепски Мега баскет ќе гостува со новиот тренер, наследник на младиот Миле Станимировиќ, Србинот Мико Голубовиќ. Иако е од Сомбор, долго време жител е на Битола. Има ФИБА-лиценца и богато играчко интернационално искуство. Почна со тренинзи во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Очекувањата се  пласман што повисоко од опасната зона. Според пропозициите, отпаѓаат две последнопласирани екипи, на 11. и 12. место.

Еента Мега баскет ја заврши на 10. место.

Loading