ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (223) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

При крајот на месецот март двата марулски војници Митрески Јованчев Богоја шнајдеро – терзијата Мурџески и Стојкоски Илиев Алексо Кадичето го отслужија двегодишниот воен рок во ЈНА, сега се слободни да си почнат да го живеат цивилниот живот..

Како што кажуваат постарите марулски прадедовци за нашите генерации како Танески Стојче 1868 – 1975 Котески Божин 1873 – 1962, Котески Илија 1876 – 1972, Павлески Јован 1868 – 1953 и други наши раскажувачи од нивното детство празникот Прочка бил голем празник со голема радост, ама и голема јадост, се плашел родот и од разни нечесни работи од магии, луѓе кои ги правеле магиите. Храната многу божовно се поштовала, направените ронки од лебот под трпезата ќе се соберат во рака, се бакнуваат и се носат на буниште – ѓубриште кокошките да ги изедат.

Во тоа време за нивното детство храната повеќе се приготвувала со свинско мрсно сало. Во тоа време немало класично масло, него се купувало шарлаган, тогашно масло кое служело за примесување црквени работи поради со свинско сало не се носи задушница в црква.

Уште во постарите времиња постите биле уште построги, затова таквите масла и шарлагани се носеле во овчки кожи пак било дозволено од тие масла и шарлагани да се употребуваат само во денот недела приготвени рибчиња со ориз и праз во тепсија печено на перустија покриена тепсијата одозгора со вршник. Нашите раскажувачи ги слушале раскажувањата од нивните раскажувачи дедовци и прадедовци како деца кои ги зачекале во нивното детско време. Сончогледовото масло потешко го имало, претежно било маслиновото масло, ама било доста скапо. Нашите постари народи биле повеќето турски момци, работеле колку да преживеат.

Рајатските фамилии имале неплодна земја, произведувале колку за храната. Раскажувачите времево што го дочекале за нивните старачки години го кажува како залтно време поради тоа што човекот сега излегува од дома и жив ќе се врати тогаш не беше така, секој кој излегува од дома се збогува со домашните на стреже и тој и домашните додека се врати поново бакнување и радување дома. Куќата каде живеат момците е од бего односно пондила, од едната стран алуѓето од едната страна стоката. Наутро ќе помини ќаато качен на коњ со камшикот в раце ќе ги буди аргатите за на работа.

Какво фајде има од тоа што некогашните Дамјановци биле рајати имале површина земја ораница од уткарницата до брегот подмолски преку Николев кладенец нагоре по брегот до местото Плочите во површина од преку десет хектари слабо земја со раало тешко се прехрануваше. Оваа дамјаноска фамилија покасно се поделиле нејзините потомства н аповеќе куќи со нови именувани домаќинства како Василовци, Дамјановци, Котевци, Јанковци и Мурџевци. Силните турски бегови педа по педа му ја одзеле плодната земја во плодното марулско поле и со тоа беговите се богателе. Од нивното потомство се мисли на старото Дамјаноско потомство само Јанковци постанале момци. Останатите нивни деленици останале рајати до капитулацијата феудалната турска империја во 1912 година.

Истоа така и Гулабовци како рајати имале слаба плодна зеемја од Димочешма присојот до Криви патишта надолу по Голирид и Преслапот нема ни дрво израстено, а не жито за храна. Исто така Гулабовци имале своја приватна земја ораница западно од местото Голем камен до влезот за во Бошковец каде дрва и трева нема, а не жито да се роди. Од таква прижина отишле момци да бидат кај Утоските бегови Амдија, Осман и Тефик.

Во разговорите со нашите постари прадедовци, дедовци и баби зошто во нивното младешко време се раѓале повеќе деца. Одговоро од нив беше вратен со објаснување да во тоа време владале повеќе болести, немало лекари, бајењето било лечењето, се умираше од разни неоткриени непознати болести, деца мали до три години умираа нагло дали од мајчино млеко особено од долгите верски пости од слаба храна.

Да во тоа нивно време не бил најстреќен животот од разните убиства по патиштата. Ако фамилијарно има едно дете можи да настрада во живото со едно дете беше голем ризик и без едно дете. За да се продолжи родот на лозата, родот со повеќе деца иднината со повеќе деца на родот е посигурно, патриотизамо за наследство на лозата е посигурно беше одговорот од нашите мештани.        

Loading