ЧУВАР НА МОЗОКОТ

Оревите секогаш се доживуваат како квалитетна состојка во слатките и тортите. Овој јаткаст плод мложе да е и закуска и додаток на салата за намалување на килограмите. 14 половинки јатки располагаат со 18 гр. добри масти, 4 гр. протеини, 2 гр. билни влакна, речиси 50 отсто од дневните потреби за манган и помали количества на магнезиум, железо, калциум и Б витамини.

Манганот се грижи за коските, односно за колагенот и за зараснување на рани. Полни се со антиоксиданси. Штитат од карцином, болести на срцето и невродегенеративни болести.

Алфа-линолеинската киселина е вид омега-3 масни киселини за намалување на воспалителните процеси во организмот. Оревите ги содржат повеќе отколку било кој друг јаткаст плод. Со умерена консумација се намалува телесната тежина и водата во организмот. Ги зголемуваат корисните цревни бактерии кои влијаат на намалувањето на крвниот притисок и вкупниот холестерол. Го чуваат здравјето на мозокот, го забавуваат падот на когнитивните функции кај постарите и пушачите. Ги редуцира ризиците од ракот на дојката. Оревите го намалуваат чувството за глад. Влијаат на ситоста, а со тоа и на количеството на храна. Консумацијата на ореви ја подобрува плодноста кај мажите.

Loading