МАГИЈА ЗА ВОЛШЕБНА ГОДИНА

Новогодишното украсување само ја подгрева празнична атмосфера за радост и среќа кај граѓаните и во годината што иди. Во пресрет на славењето сите сакаме да го украсиме домот. Така и “таткото” на градот се погрижи да го дотера градот во ново руво. Декорираната елка е како раскошна новогодишна бајка. Блесокот на огромните лампиони на уличните светилки по булеварот внесуваат новост и живост и покажа дека ако се сака може да се мрдне за подобрување на празничниот амбиент.

Нема да навлегуваме дали трошоците за новогодишното украсување чинат  “цело богатство”, туку забележуваме дека се разбудила креативноста, се искористиле и старите новогодишни украси.

Весела и радосна атмосфера се постигна со украсувањето на центарот. Иако можеби градот не наликува на модерните европски метрополи, но со сегашниве декорации и светилки се означува почетокот на новата година во која сите имаме свои надежи. Особено политичарите, заради тоа што ќе има двојни избори.

Loading