ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (222) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во сите погледи нашето средно мало Втора бригаде беше најорганизирано да било за возрасни лица, да било за млади, правеа маалски средби. И во двете преостанати маала со таков капацитет беше во послаб подем. Во јужно маало Трета бригада имаше машка средба за возрасните кај трлото од Милан Василоски и женски средби имаше на чешмата Стојческа Танеска.

Во западното маало за машка средба веќе послабо поради селото поразретчено, женската средба беше поактивна и тоа под гумното на Јованче. Јованчејца Анѓа Павлеска, Игнејца Грозда Павлеска, Ванѓелица Мара Бабјакоска, Митрејца Блага Бабјакоска, Томејца Милица Бабјакоска, Атанасица Илинка Чонеска, мајка е Менка Чонеска, Боризица Цветанка Бошеска и др.

Со шетањето по куќи за Прочка во квечерината радоста беше голем акај двете страни како кај домаќините, а исто така и кај посетителите – гостите поготово кај малите деца. Пречекот обестрано со голема радост, поготово према малите деца пречекани од куќните домаќини со бакнежин а рачињата и обравчињата и подарување со варени јајца, јаболка и круши од страна на домаќините, додека домаќините и дедовците ги наградуваа со по некоја пара во нивните џепчиња.

Дочекот и испраќањето на гостите беше величенствено, радост со голема почит од двете страни. При завршувањето со посетата сите се поздравуваат едни со други помеѓу себе и си го честитаат големиот празник Прочка – проштачка. Сепак највесели беа малите деца со голема радост први си заминаа за дома за да му се пофалат на нивните домашни какви подароци добија од нивното шетање за Прочка.

Откако се заврши со шетањето во маалото наше Средно маало Втора брогада сите разотидоа во нивните домови да ја продолжат домашната традиција оставена од предците, вечерната проштевачка прочка за велиципости 49 дена.

Во неделата утрото на Прочка приличен број домаќинства со кошници за задушница одат црква, си палат свеќив о црквата и на гробовите раздаваат за задушница за упокоените, се простуваат меѓу себе со изреката проштавај и ти проштавај.

Прочка е голем верски религиозен празник и поштуван од неговите верници. Од пред една недела пред Прочка се престанува со јадење со месни работи, производи поради чистење на забите од мрсно во стомакот. Од денот неделата пред Прочка до Прочка се вика сирна недела, се прават јадења од урда и сирење, повеќето примесени производи, како мазници, зелници ид р. И во неделата пред е богата со гости . Доваѓаат гости поближни во род како ќерки, внуки од подалечните населени места за да земат проштачка од своите најблиски каде се родени и растени. Пречекани и испратени од домаќините со богата трпеза, со разноврсно јадење и пиење.

За вечера на Прочка трпезата со јадење и пиење богата, се прават мазници, витканик, мазник, прави кори и мазник, со печени кори на вршник. Зависи од способноста на домаќинката. За пијалок ракија топла сливова или винска, вино црвено машко, бело вино женско и шира, благо вино. Мезе пржени рипчиња, разни бомбони и леблебии со суво грозје и други додатоци.

После вечерата се започнува со проштавањето, сите помлади во куќата одат кај најстариот член во куќата, му бакнуваат рака и бараат одговор од него, простено е проштавај и ти. Секој помлад во куќта му бакнува рака на постариот член и бара од него проштавање и добив аодговор, Бог да прости, прост ии ти. Некогаш излегува обратно, малите деца бараат да му се бакни рака ид а тие опростуваат.

После проштевачката се зема една урка, фурка припремана од порано, на нејзе се намотува бубаќен бел конец, на конецот на слободниот крај со игла се нанижува едно варено јајце и прво се започнува од домаќинот со јајцето, се врти три пати наоколу на неговата глава и се удира со јајцето три пати во неговата отворена уста да го лапни јајцето без да го фаќа со рака. Ако го лапни јајцето се нижи друго. Лапнатото јајце е плен на тој кој го лапнал, ако не, пак јајцето со фурката се преселува до новиот член. Така на сите во куќата. Таа игра се вика амкање. Откако ќе се заврши со амкањето се почнува со нагорување конецот на фурката. Се нагорува конецот за секој член во куќата и се спомнува секое име на членот како ќе гори конецот побрзо или побавно така ќе му биди силата на спомнатото име. Продолжува со палење конецот штом се изречени сите имиња на членовите. Се преоѓа на стоката, под сеидбата во полето. Се земаат толку умрени рипчиња, непржени се закопуваат земи и се изговара трипати, вие в земи да лежите место ние. Тоа ќе го спомниме една недела пред Прочка. Се престанува да се употреба мрсна храна за чистење на забите.

После завршувањето на сите адети се празни трпезата со јадењето на одредено кујноско место. Се собираат шлупките од јајцата, се пуштаат во вода, во реката да не се претворат во болви. Со тоа се завршува величествената прочкина веселба. Се запостува седум недели или четириесет и девет дена до уште поголемиот празник Велигден. Тие кои се зарекле да држат Тримир без јадење и пиење до средата утрото со месени работи, лебни и нешто пијалок во средата утрото одат со кошница в црква, си палат свеќи. Таму ќе почнат да се залебуваат. Прво се напиваат крстена вода и почнуваат да поткаснуваат од артиклите што ги носат во црквената кошница. А дома по враќањето од црквата ги чека побогато јадење.

Понеделникот денот после Прочка се вика чист понеделник. На тој ден се чистат сите кујнски садови од мрсната храна. Домаќинките се зафетени со чистење на куќните простории. Во садови се вари грав обичен без потпршка и се меси погача некиснета, меси печи, која се вика пресначка. Тој ден се поминува со таа храна, пресначка и грав.

Нашата црква секогаш била отворена во недела и за празници. Притрупот  оди порано пред верниците. Ги средува потребни работи, кога ќе дојдат верниците, се што е потребно да биди на свое место. За покојно лице куќните луѓе до шесте недели, во недела носат кошница со задушница. За трите недели месарицата и свеќарката се поканети од ужалосната куќа и се даруваат преку гробот на упокеното лице. За шесте недели месарицата и свеќарката се присутни кај упокоеното лице и се даруваат.

Во саботата после Прочка е Тодорова сабота уште викано во нашите краеви Тодорица. На пладнина се оди в црква прережно млади девојчиња и помлади жени со кошници. Палат свеќи  и излегуваат. Од кошинците земаат торбиња со варена пченка и печени булина. Ссе постројуваат во ред пред црквата. Тргнуваат од десно на лево со блеење како овци трипати околу црквата. На последниот круг застануваат зад црквата и ги префрлаат зашиените торбиња преку олтарот во знак на плодност на овците и за сета домашна стока. Ако  некое торбе застани на олтарот, пак се префрла преку олтарот. Да не се случуваат такви работи се одредува едно девојче физички поа способно да ги префрла торбињата преку олтарот. После присутните се враќаат во трпезаријата во тремот и си раздаваат помеѓу себе која од што носи во кошницата. После завршувањето на сите адети, верниците си одат дома, а притрупот останува да ги исчисти црквените простории.

На овој Тодоров ден селска слава се слави во селото Српци, битолско. Некој марулски домаќинства претежно од родот Гулабовски идеја на гости во с. Србци. Гулабоски Анѓеле е марулски потомок. Потамошно презим ее Манкароски Анѓеле.     

Loading