АНИМИРАН ФИЛМ ЗА ДЕЦА

Вечерва во киното Мис Стон

Анимираниот цртан филм “Звуците на Новата година” за најмладите ќе биде прикажан вечерва во киното Мис Стон со две изведби од 17 и од 19 часот.

Најмладите ќе дознаат што се случува со звуците на Новата година. Зошто ниедна мелодија не е како што треба и зошто се испревртени зборовите во сите песни на светот? Подобро речете, во целата бесконечна вселена. Проблемот го решаваат Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1, но и мистериозните чувари на Заз. Се обединуваат да ја спасат целата музика во универзумот.

Режисери се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актери, а за музиката се погрижи Ангел Ќосев.

Loading