РОМАНТИЧНОСТА И АВТЕНТИЧНОСТА НА БЕЛГИСКИОТ ГЕНТ

Ако некој сака да “скокне” во средниот век и да види како изгледал, тогаш треба да го посети романтичниот и убав белгиски град Гент.Сосема е сочувана средновековната физиономија.

Се стигнува со воз или автобус од Брисел. Алтернатива е такси превозот за еден час од Брисел. Пожелно е да се отседне во некој од апартманите во центарот или во некој хостел. Многу се високи цените на хотелите. Стартната точка на “приказната” би требало да е главната железничка станица. Таа е црвена зграда градена од цигла од 1912 година. Оттука се стигнува до центрот. Се минува по улицата со бутици на разна брендирана облека. Се оди пеш половина час или со трамвај.

Во срцето на градот дочекуваат две високи сиви згради кренати во готски и ренесансен стил. Предизвикуваат вртење околу за фотографирање. Преку мостот доаѓаат уште поубави глетки. Блиску е стариот замок, обиколен со вода. 

Градот е создаден во 7 век. Го граделе грофови. Лежи на реката Леа. Испресечен е со канали и камени мостови под кои пловат бродчиња. Тој е трет град по големина во Белгија. Со пристаништето го допира Северното Море. Најубавата улица е шеталиштето на брегот на реката која гледа на катедралата  и мостот Ст. Мишел. Левиот брег го нарекуваат Граислеи каде се “распослани” најубавите историски градби. За секоја е врзана различна приказна, додека преку реката е шеталиштетот Коренлеи. Преку мостот објектото на старата пошта, а преку патот црквата Св. Никола. Потоа се реди кулата Белфри и катедралата Св. Бава.

Тоа се корпулентни и импозантни зданија наредени едно до друго. Оваа група на цркви е влезена во културното наследство на Унеско. Восхитува внатрешноста на катедралата и црквите. Впечаток е дека  од кулата се нуди величествен поглед. Богатството на вредни уметнички слики од 15 век, меѓу кои и на Рубенс е во катедралата Св. Бава. На помалиот плоштад Врида, се белгиската куќа од 18 век, со калдрма, споменик во средината и неколку кафулиња. Не е далеку и замокот Гравенстен од 13 век. Тој бил палата на грофовите, зачуван во автентичен, оригинален изглед. Да се биде во овој белгриски град. “Загуба” е да не се разгледа Музејот на убавата уметност со дела од Рубенс и Бош, па Градскиот музеј на современа уметност, Музејот на дизајнот. Во близината е и регионот Петерхол со тесни испресечени улички, каде може да се седне за да вкуси локалното мени во некој од рестораните.

Препознатливи се и десертите, односно топлото или обичното белгиско чоколадо. Понатаму се просторите со улична уметност. Покрај храната, Белгија и Гент се познати по пенливите пива. Амбалажата им е помало, ама пивото е појако со алкохолни единици. Градот е летна “мамка” за мераклиите на пиво, оти се одржува Фестивалот на овој горчливо сладок пијалак. Привлечни се и Џез фестивалот, Фестивалот на светилките, Филмскиот фестивал…

И во лето или во зима атракција е возењето со бродче и панорамското разгледување од кулата…

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading