Фудбал: Победа
Заврши есенскиот дел од Втората лига, со мечевите од 15. рунда. Екипата Победа со 3:1 е поразена во Врапчиште, од лидерот Беса. Трет пораз во серија, по Тетово, од Арсими со 8:1 и дома, од Пелистер со 0:2. Затоа и скромниот пласман – 13. место со 15 бода. Преслабо за довчерашниот прволигаш. Напролет претстои борба за опстанокот. Тоа ќе се постигне ако барем се задржи ова место, бидејќи двете последни екипи директно отпаѓаат, а третата оддолу игра бараж со третолигаш.
Табела: Беса 40, Детонит 35, Пелистер 33, Арсими, Кожуф и Охрид 23, Новаци 22, Скопје 21, Беласица 20, Вардар Н., Тетекс и Башкими 18, Победа 15, Осогово 12, Караорман 11, Саса 8.