ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (221) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во 1952 година Спасија, дваесет ичетири години, се омажи за Паралоски Веле од с. Добрушево. Нас децата не ни пречеше на тоа врнежливо време да го гледаме тракторот булдуг германски со висок нагоре ауспух и преносниот механизам за погонско движење му беше меѓу предните и задните колца во боја светло зелен останат во Македонија од Втората светска војна. Нашиот престој кај тракторот дочекаме свекорот да фрли преку младоженците разни шеќерчиња и бонбончиња, нашата надеж и желба се исполни за тој ден. На Јанкоски Петре му остана последното дете Зора. Илијовци и без Спасија тераа голема земјоделска работа. Имаа убави нивје. Во зимниот период дедото Петре беше овчар Митровденн – Ѓурѓовден. Нивните деца никогаш не беа пуштени воловарчиња во летниот период. Нивните волови пасеа угаре во орманот. Поголемите деца Ванѓел и Ило дома седеа ги чуваа Данчо и Киро и одвреме навреме ја вадеа бавчата со зеленчук во Капиниште.

Блаже се разбираше од мајсторлак. Соѕида и ја покри вурнарницата со акеменови плочи. Никогаш не ги накара најдените деца, сирачињата Ванѓел и Илија. Во месецот февруари ќерка му на Петре се омажи бегалка за Бутески Ордан од с. Штавица, годината беше 1956. Направија развратни гости, првичиња од двете страни на двете првичиња свирач гајдаџија беше нашиот марулски учител Вузески Љубе од с. Тополчани.

Вака работата му одеше нормално и во летото 1957 година кој има голема сеанија тројцата Петре, Блаже и Блажејца Ѓурѓа ја сработија. Од есента со овците1957 година Петре во разговорот со овчарите почна да се поплакува да е дискриминиран во сите работи во храна и облека, оди гладен од ден на ден, на Блаже и Блажејца му дојде неговата поплака и таа негова поплака Блаже и Блажејца му изочија и почнаа расправиите. Се обвинува еден со друг. Некаде во почетокот на месецот март Петре и Блаже направија физичка делба на целокупниот имот. Дел од крупната стока колку Блаже донесол кога дошол во Марул нивните потомства си ги зеде, исто така потомството на донесените овци си ги оделе Блаже. Блаже и Блажејца живеачката во дотогашната куќа е напуштија сета нивна фамилија од шест членови се преселија во собата во печалницата. Додека е задржа кошарата до патот за останатата покуќнина Петер остана сам во куќата. Исто така, сеидбата е поделија и секој посебно си е работеше жетвата и вршидбата.

Од денот Ѓурѓовден, 6 мај до 6 ноември, Митровден, Блаже се пазари со Марулци и ги пасеше говедата. После распустот говедата ги пасеја децата Ванѓел Ило и Данчо, претежно Ило и Данчо.

Од 6 ноември 1958 до 6 мај 1959 година поред нивните овци Ванѓел ги пасеше и овците од Велјаноски Благоја платено со пари. Истата година Блажевци насадија повеќе стракови тутун ангажирани сите фамилијарно. Купија место во Прилеп над старите градски гробишта во тогашно Штавичко Маало направија куќа дива градба. Парите од продадената крупна и ситна стока се потрошија за куќата. Фамилијата Блажевци пред септември 1959 од Марул се одселија во новата куќа во Прилеп, децата Ванѓел и Ило се запишаа на училиште за до осмо одделение. Блаже се вработи за стален работник во тогашна градска чистота. За нивната селидба јас долго време венеев поради ги изгубив моите верни другари. Петре остана сам во куќата. Првата година после делбата се собра полскиот приход, се мисли на сеидбата. Нивјето почна да ги дава под кирија и да продава дел по дел односно парчето по парче од нивјето. Со перењето некогаш сам се переше некогаш доваѓа ќерка му да му помочат да го исперат ид а му почистат дома, претежно тоа го правеа ќерка му Зора и зет му Ордан од с. Штавица поради беа поблиску до Марул.

Некаде во месец март во 1960та година Петре се прежени за Пупалеска Босилка од с. Боротино. Тоа беше психички полесна, по кратко време си замина од кај Петре Јанкоски. Петре се прежени со една Црногорка, име непознато после неколку дена кај Петре и таа си отиде. Петре се преженува по трети пат за Божана од Беловодица после една ипол година и таа си замина со еден аманет да со Петре не можи живее ниту црниот ѓавол, а не пак обичен човек, рече Божана.

Времето одминуваше, Петре стареше со зашпараните пари од ќиријата од по нивјето и од продадените нивје купи место за куќа во Штавичко маало во близината кај неговите внуци и посинокот Блаже направи куќа во летото во 1963 година Петре Јанкоски се пресели од Марул за Прилеп. Во 1964 година е продаде и куќата со куќното место на Јанкоски Ладе. По времески Петре ги прибра и внуците Ванѓел и Ило, дел од местото му подари на Ило, а тој остана животно кај Ванѓел, Петре почина во пролетта 1983 во осумдесет ипет годишна старост.

Измислен начинот за делбата од двете страни помеѓу Јанкоски Петре и домазетот Јошески Блаже и неговата жена Ѓурѓа Блажејца во 1958 година. Оваа нивна делба беше претумачена како морална потреба за во идно време.

Јанкоски Илијев Петре дедо му на сирачињата внуците Ванѓел и Илија размислува да кога ќе порастат Блажевите деца Данчо и Ќиро родени тука си знаат татковнина. Ќе бараат дел од целокупниот имот, од куќно место, земја итн. За петревите внуци не ќе му остани место ни за куќа камоли за гојдарник. Делбата што ќе биди некогаш нека биди сега.

Домазетот Јошески Блаже и Блажејца Ѓурѓа го имаат истото од нивните биолошки деца Данчо и Ќиро кога ќе порастат немаат татковнина при делбите со браќата – полубраќата Ванѓел и Илија си замислија родителите подобро сега делба него некогаш. Во еден разговор со Блажејца се изусти, рече сум била непаметна, меси, печи, крпи, пери и пак кабетлија. Со тоа се куртулиме за секогаш, рече Блажејца во разговорот.

Прослава на Прочка од младинското друштво од Втора бригада средно маало вечерта во 1958 година.

Оваа вечерна посета, шетање по куќи за Прочка или проштеачка го оранизираа повзрасните. Оваа шетна беше прва таква шетна која се оствари во нашето маало. Одговорен беше Тошески Јолески Љубе. Групава ги посети сите маалски куќи и домаќинства во нашето маало. Шетањето беше започнато квечерината со мал престој во секоја куќа односно домаќинство за земање проштаачка. Во секое домаќинство гостите посетителите беа најубаво и весело беа пречекани со разни мезиња, мазници, варени јајца, пржени рипчиња наречени нивички, со пијалок ракија, топло вино, женско розово вино, дури и со вино шира. Навистина тоа беше интересен традиционален настан. На настанот со таа идеја ќе продолжи за во наредната година.

Јолески Љубе водачот на групата дваесет иедно годишно момче замина за отслужување на воениот рок во ЈНА. Илијовци Петре и Блаже се поделија Јанкоски Китан се исели во Прилеп. Јолевци се делија. Традицијата престана.

Учесници лица за шетањето на Прочка

1.Јолески Љубе, Ракида и сната Благојојца Илинка;

2.Новачевци, Димитријовци, Славко, Велјан, Пецо, Ѕана;

3.Јанковци, Ладевци, Атанас, Бојана, Даринка, Лоза, Алтана, Тане;

4.Јанковци, Илијовци, Ванѓел, Ило, Данчо;

5.Јанковци, Крстевци, Трајче, Најденка;

6.Јанковци, Дончовци, Стева, Ванчо, Ордена, Сокле, Благуна;

7.Велјановци, Ванѓеловци, Трајко, Петра, Донка, Томе, Верка, Цветан;

8.Стевановци, Најдовци, Илина, Васил, Живка;

9.Велјановци, Благојевци, Лоринка, Гулаб;

10.Јоновци, Ванѓеловци, Петре;

11.Јоновци Димитријовци, Верка, Данчо, Анѓеле, Јосиф, Арсе.

Loading