ИМПЛАНТАЦИЈА НА ТОТАЛНА ПРОТЕЗА НА КОЛЕНО

В болница пак

По подолго време е имплантирана тотална протеза на колено на пациент во Болницата во Прилеп. Тимот предводен од докторите Кире Јоноски и Златомир Аризанкоски го изведоа зафатот со медицинскиот персонал на ортопедско трауматолошкото одделение. Оваа метода на операција на гонартроза се враќа во одделението да им се излезе во пресрет на пациентите од регионов и за оваа метода на имплантација на вештачко колено да не се патува во болниците во Скопје и Охрид.  Во одделението, кое децении важи како едно од најдобрите во земјава за операции на екстремитетите, се изведуваат најнови оперативни методи на колк со безцементни и цементни протези и артроскопија на колено. Новите методи отвораат перспектива а младите лекари да ги усовршуваат и во иднина да се стават во функција на болницата и пациенти кои би добиле најквалитетни услуги.

Loading