25 ДЕЦА БЕСПЛАТНО В ГРАДИНКА         

Советот даде виза да се обезбеди бесплатен престој на 25 деца Роми во социјален ризик во градинките.

– Почнавме со 12, а денес се 25 деца од ромската популација кои се интегрирани во групите во нашата институција. Проектот има одлична рефлексија врз секојдневието во нашата заедница за децата Роми од социјален ризик да ги почувствуваат бенефитите од згрижувањето во градинките – вели Христина Трпческа, директорка на градинките “Наша иднина”.

Новата градинка во Точила доцни со пуштањето во употреба повеќе од една година. Ќе може да се згрижат 252 деца и да се надмине проблемот со недостигот места за сместување на децата во градинките. Веќе се предвидува зголемување на кадарот.

– Вработени се 150 лица, а систематизацијата предвидува 178 работни места. Новата систематизација предвидува 213 работни места – објаснува Трпческа.

Шесте градинки се полни со 1320 деца, иако капацитетите се за 1020. Секојдневно се згрижуваат по 1000 деца во претшколска возраст.

Loading